Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, на ТВ гостување по новинарско прашање се осврна и на писмата кои ги пишува Сашо Мијалков но и прогонот на партиското судство врз Груевски

Објавил: Мартин Попоски | 10 ноември, 2018 8:18

Мицкоски за писмата од Мијалков и прогонот врз Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во синоќешното гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, на новинарски прашања на актуелни теми одговараше претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кога од него беше побарано да го коментира писмото на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков истакна дека единствен противник на граѓаните и на партијата е СДСМ на чело со Зоран Заев. 

Тој посочи дека нема што да додаде или одзеде за второто писмо на Мијалков, додавајќи дека тоа не влијае на него и тој ќе продолжи да работи жестоко кон крајната цел пораз на ова како што вели одродена и криминална власт.

Што се однесува до ова второ писмо кое што вие го кажавте. Исто така немам што да додадам ниту што да одземам. За мене таа работа е завршена книга. Се обидувам да отворам нова книга, за мене политички противник е одродената и криминална влада на СДСМ предводена од аболираниот политичар Зоран Заев и се разбирам останувам фокусиран јас и соработниците секој оној кој што сака да допринесе во борбата против овие луѓе е добредојден, вратите се отворени немаме никаква фрустрација кон никого, напротив. Така што немам никаква дилема кој е нашиот вистински противник и вистински противник на граѓаните на Република Македонија и македонската нација. Останатите можат да лиферуваат лажни информации, можат да кодошат, да шпекулираат, можат да брифираат вака или онака. Можат да пишуваат писмо, јас ќе работам, ќе продолжам да работам, ќе продолжам да работам жестоко па ќе видиме на крај каква судбина ќе имам. – порача Мицкоски.

Мицкоски истакна дека почесниот претседател на партијата и поранешен премиер Никола Груевски е жртва на политички прогон од страна на актуелната власт.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ги спомена и обвинувањата на СДСМ за наводно украдени милијарди, а напомена дека сега Груевски е осуден поради стекнување нематеријална добивка, односно бидејќи неколку кратно се возел во возилото кое е предмет на судски процес.

Самиот чин е преседан во судството и уште еднаш се потврдува тезата на ВМРО – ДПМНЕ, но и на јавноста во Република Македонија дека имаме апсолутно целосно партизирано судство кое што е под стегите на Владата и дека Никола Груевски во случајот е апсолутно жртва на политички прогон и хајка која што се води против него. Бидејќи во минатото од страна на СДСМ кога тие беа опозиција во многу наврати сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од државата, а денеска Никола Груевски, Кривичниот совет ја одбива неговата жалба за дело за кое што е осуден поради стекнување нематеријална добивка како што е возењето неколку кратно во возилото кое што е предмет на тој судски процес. – истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести