Барањето на Мицкоски на 11 јануари: ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржуване на вонредни парламенрарни избори, заедно со претседателските избори.

Објавил: Едмонд Бекири | 8 март, 2019 11:16

Мицкоски и Заев во недела ќе се проштеваат за СЈО, за предвремените избори другпат?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На почетокот на декември минатата година пораките до Заев , господине Зоран Заев, ајде излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски! Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со претседателот Мицкоски! Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден.

Специјалното обвинителство ќе продолжи да постои како дел од Јавното обвинителство, но за најмногу две години е можно да се промени неговиот состав, и тоа во три фази. Ова го предвидуваат преодните и завршните одредби на предлог-законот за јавно обвинителство што го подготви Владата и го испрати до Собранието.
Со законот се предвидува дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани или што произлегуваат од незаконското следење на комуникациите се преименува во Специјално јавно обвинителство, и наместо посебна институција, како досега, станува орган во составот на Јавното обвинителство. Регулирано е и какви услови треба да исполнуваат оние обвинители што ќе сакаат да бидат дел од новото СЈО. Тие ќе се избираат со мандат од четири години и со право на еден повторен избор.
На сегашниот состав, кој ги отвори сите досегашни истраги и поднесе обвиненија, и кој ги води овие случаи, му е гарантирано местото во СЈО уште кратко време. Во точката 7 од членот 105 на новиот закон се вели дека обвинителите ќе продолжат да ја извршуваат оваа функција уште најмногу две години откако законот ќе стапи во сила, што значи дека по тој рок тие ќе треба да се изборат за нов мандат.

Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ ДУЕЛ уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ ДУЕЛОТ и кога – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Дали Заев се уплаши од овие прозивки на Мицкоски преку неговите „пресови„? Во недела на 10 март на „прочка„ ќе се одржи лидерската средба меѓу претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Една од темите за  кои ќе се разговара ќе биде предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство. Претседателските избори и реформските закони исто така ќе бидат теми на дискусија но не и Предвремени парламентарни избори?

» Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме за три значајни прашања. Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија, потврди Мицкоски во емисијата “Отворено” на ТВ Алфа.

Граѓаните даваат и змеаат власт! Затоа се потребни избори каде Заев ќе падне а Македонија ке победи. Народот ќе каже каква Македонија сака, Северна Македонија на Заев во црнила, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана. Овие црнила на заев ќе бидат поразени на избори.

Неодамна на почетокот на месец јануари оваа година Мицкоски со изјава за медиумите: ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ, оваа неправда да биде исправена изјави лидерот на опозицијата Мицскоски. Рече дека денеска се покажа дека Македонија која ја води Заев губи и доколку останат на власт Македонија ќе губи во сите полиња и дека може да се смени само доколку се смени власта.

„ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржуване на вонредни парламенрарни избори, заедно со претседателските избори според законските прописи и врз основа на минатото, На овие избори вмро ке победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испонета.

Според Мицкоски проектот на Катица Јанева и најголем дел од нејзиниот тим е завршена приказна бидејќи не ги оправдал очекувањата. Демократскиот изборен процес како што истакна тој е предуслов за земја која треба да биде членка на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика