Мицковски му подари беџ на Заев,a премиерот го одби под изговор дека ние сме Република Северна Македонија

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2019 23:22

Мицкоски му подари беџ на Заев, тој го одби велејќи дека ние сме Северна Република Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По денешниот дуел каде се водеше жестока дебата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО, Христијан Мицкоски тој му подари на Заев беџ на кој што пишува Република Македонија.

Скандалозно беше тоа што премиерот го одби беџот под изговор дека ние сме Република Северна Македонија, а Мицкоски му го даде со надеж дека ќе го носи со мирна совест. 

На ТВ дуелот Заев и Мицковски опфатија повеќе теми кои ги засегаат граѓаните као пто се настаните од 27ми април,промената на името,непотизмот, изборите итн…

Откако премиерот го одби беџот, Мицковски гордо го стави на себе, при што по дебатата изјави дека се надева дека нема да го казнат бидејќи носи беџ каде што пишува Република Македонија, а не Република Северна Македонија.Инаку по ТВ дуелот на Канал 5, порталот Јавно.мк, спроведе онлајн анкета на својата фан-страница, каде го постави прашањето: Кој од лидерите Ви остави подобар впечаток на ТВ дуелот на „Само Вистина“?

За кратко време, од само еден час, вкупно гласале над 1700 читатели, со што е задоволен критериумот за репрезентативност на примерокот, а резултатите од анкетата се:

Христијан Мицкоски гласа 79%., а Зоран Заев 21%.

На ТВ дуелот Зоран Заев најави и предвремени парламентарни избори, доколку не победи кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

Спремен сум да разговарам со опозицијата за предвремени парламентарни избори, рече актуелниот премиер, Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести