Мицковски со свое обраќање на својата Фејсбук страница

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 16:46

Мицкоски на Фејсбук: Да покажеме кичма, која тие сакаат да ја немаме

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Само слабите не се осудуваат да бидат правдни, а оваа власт од ден во ден е се послаба, а со тоа и се понеправедна, вака го започнува своето видео поставено на Фејсбук страницата претседателот на опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ.

Да покажеме кичма, која тие сакаат да ја немаме, против секоја неправда донесена од оваа власт

Тој прашува што е неправда, и вели дека неправда е кога мнозинството на народот ќе биде против а сепак ќе се промени името на државата и идентитетот на нацијата. Мицковски додава дека голема неправда е кога родителите на четири деца од Смилковско се уште тажат и бараат правда додека убијците се на слобода, а Зоран Заев ни ветуваше дека вистинските сторители ќе ги изведе пред лицето на правдината.

-Нашите животи ја губат смислата тогаш кога наместо да зборуваме ќе замолчиме пред неправдите, затоа ние денес сме гласни повеќе од кога било порано, повеќе пред секоја  една неправда, зошто само така ќе ја победиме. Поместувањето на планината започнува со малите камења, а овој процес е одамна почнат. Затоа сега е време да ги казниме, да ги промениме работите.  Да покажеме кичма и карактер, која тие сакаат да ја немаме, против секоја твоја, наша и заедничка неправда донесена од оваа власт. Да бидеме гласни, и да победиме, да ја донесеме правдата, да се избориме за нашите правдини, да победиме за Македонија. Да победиме за нашата Македонија, потенцира Мицкоски преку свое видео обраќање.

Целото обраќање на Мицковски може да го погледнете ТУКА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести