Мицкоски рече дека веќе месец дена е одвоен од семејството и дека нема никаков физички контакт со ниту еден член од своето семејство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2020 17:22

Мицкоски: Останувам во самоизолација, иако резултатот за Ковид-19 ми е негативен!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на најголемата македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со телефонско вклучување во вестите на Сител телевизија, истакна дека останува во самоизолација иако тестот за Ковид 19 му е негативен.

Мицкоски рече дека веќе месец дена е одвоен од семејството и дека нема никаков физички контакт со ниту еден член од своето семејство.

Мицкоски рече дека веќе месец дена е одвоен од семејството и дека нема никаков физички контакт со ниту еден член од своето семејство.

-Направив тест, резултатите од тој тест се негативни, она што ми беше препорачано иако резултатите се негативни е да останам во самоизолација, вели Мицкоски за Сител.

Почитувани сограѓани, поврзано со информациите кои произлегоа за мојата здравствена состојба сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција.

Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место.

Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба. Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје.
И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија. Бидете живи и здрави, напиша утринава Мицкоски на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести