Да поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија", да го заокружиме бројот 14 и да ја спасиме оваа наша Македонија, напатена, вековна, потоа да ги засукаме ракавите и истата да ја обновиме.

Објавил: Владо Марин | 26 јуни, 2020 5:25

МИЦКОСКИ: Поддржете ја обновата за ја спасиме оваа наша Македонија, напатена, вековна, потоа да ги засукаме ракавите и истата да ја обновиме

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Народот е исправен, нема веќе народ со свиткана кичма како што велеше Зоран Заев во 2008 година. Сега е моментот, на 15 јули сите заедно, масовно да излеземе горди, достоинствени, уште рано наутро и да ја поддржиме листата предводена од маестро Дурловски, порача од Ресен, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Да поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија”, да го заокружиме бројот 14 и да ја спасиме оваа наша Македонија, напатена, вековна, потоа да ги засукаме ракавите и истата да ја обновиме, вели Мицкоски!

Народот е исправен, нема веќе народ со свиткана кичма како што велеше Зоран Заев во 2008 година.

Знам и верувам дека сите заедно ќе го направиме тој победнички чекор на 15 јули, а потоа да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Излегуваме пред вас со една програма Проект „Обнова“ на повеќе од 300 страници, со повеќе од 1000 проекти. За секого има по нешто затоа што позади таа програма стои трудот на многу експерти.

На 15 јули потребна ни е вашата поддршка, поддршка за Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме, потенцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...