Станавме место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта.

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2019 10:25

Мицкоски: „Рекет не застанува, има и Рекет 2 каде кастата на власт сакала да превзема фирми и уценува„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на манастирот „Света Богородица“ во Свети Николе од каде испрати порака и ја обвини актуелната власт за нов „Рекет 2“.

Мицкоски рече дека Македонија стана место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта.

Неговата борба е за обнова на Македонија онаква каква ја сакаме и секогаш македонскиот народ ја заслужувал. Горда и исправена, силна и напредна, порача Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на манастирот „Света Богородица“ во Свети Николе од каде испрати порака и ја обвини актуелната власт за нов „Рекет 2“.

-Бев во посета на манастирот Света Богородица, Свети Николе. Народот е разочаран, потиштен, бара излез од бездната и неправдите донесени од власта. Велат селата и градовите се празнат само за луѓето од власта дојде живот, за другите е пекол.

Станавме место каде криминалците се прават за успешни бизнисмени, а вистински успешните бизнисмени секој ден живеат во страв и само чекаат која цифра за некој нов рекет ќе ја испорача власта. Гледаме дека Рекет не застанува, има и Рекет 2 каде кастата на власт сакала да превзема фирми, уценува, немилосрдно пљачка. На тоа мора да му се стави крај и да се побара одговорност. А одговорноста ќе дојде кога ќе има вистинска правда.

Мојата и нашата борба е за обнова на Македонија. Онаква каква ја сакаме и секогаш нашиот народ ја заслужувал. Горда и исправена, силна и напредна, напиша Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести