Мицковски одговорно тврди сека Гордана Силјановска Давкова, е честита личност која ќе донесе многу промени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 12:26

Мицкоски: Силјановска е честита личност и ќе го порази Заевизмот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното интервју на ТВ Тера, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски цврсто стоеше на ставот дека Пендаровски ќе ги изгуби изборите. Тој вели дека СДСМ, на овие избори ќе плати за сите неправди кои и ги нанесе на Македонија и на граѓаните кои живеат во неа.

Мицковски порача дека граѓаните ќе донесат пораз за Заевизмот и победа на Силјановска Давкова.

-Јас сум убеден дека Зоран Заев поради овие причини ќе ги изгуби изборите.  Затоа веднаш велам ајде после овие претседателски избори да направиме Влада на национален спас. Македонија е повеќе и од мене и од него заедно. Таа Влада нека спроведе едни предвремени парламентарни избори на есен, па граѓаните да одлучуваат дали ќе го поддржат Заевизмот или завидлизмот. Односно, против она за кое ние се бориме и ќе нудиме реална стратегија и платформа или она кое е секојдневие и реалност во Македонија кое тој го нарече завидлизам, истакна Мицкоски.

Мицковски најави и свое заминување, доколку концептот кој тој го нуди биде поразен на избори, тогаш тој е подготвен да замине, но додаде дека ако по петти пат, биде поразен концептот на Зоран Заев треба тој да замине на темната страна на политичката историја во Република Македонија.

Мицковски одговорно тврди сека Гордана Силјановска Давкова, е честита личност која ќе донесе многу промени. Тој вели дека е убеден во нејзината победа на претседателските избори.

-Станува збор за една исклучително честита личност, врвен интелектуалец, со меѓународно педигре. Личност која што е педагог, која што има изучено генерации и генерации студенти на Правен факултет, во неколку наврати е прогласена за најинспиративен професор од страна на студентите. Личност која што е достоинствена, личност која што е принципиелна и знам дека е личност која може да додаде исклучително голема вредност во заштита на Уставот и законите и да ја донесе навистина правдата за Македонија онолку колку што тоа место на нејзе ќе и дозволува, посочи Мицкоски во интервјуто за ТВ Тера.

Тој истакна дека поддршката постојано се зголемува бидејќи на граѓаните им треба некој да им ја донесе зората, а не црнилото кое е секојдневие.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести