-Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
Ако во една реченица треба да се

Објавил: Мате Парлоф | 23 октомври, 2022 10:09

Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со фејсбук објава го честите празникот – 23 Октомври Ден на македонската револуционерна борба.

Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.
 
Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!
 
Честит празник Македонијо!
 
Исто така Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.