Викендов очигледно судот работи, па попладнево беше донесена одлука дека од оделението за притвор во Шутка ќе биде ослободен екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од таму најверојатно ќе се упати во куќен притвор.

Објавил: Узунов Бобан | 29 декември, 2018 19:28

Мијалков вечерва ја напушта Шутка доста беше!

Фото/Текст извор: ©фокус / канал 5/ магазин

Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков до крајот на денот ќе излезе од затворот во Шутка и ќе оди во домашен притвор.

Според информациите, судијката Весна Димишкова ги прифатила предлогот за куќен притвор на СЈО за Мијалков.

„Постапувајќи по предлог на Специјалното јавно обвинителство, судијата на претходна постапка го прифати предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор за обвинетиот С.М. во случајот од Обвинителството означен како „Империја“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување куќен притвор на ексдиректорот на УБК, претходно денеска беше доставен до Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Убедени сме дека Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да се дадат во бегство затоа побаравме за нив домашен притвор, вели во интервју за Канал 5 специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Што се однесува за сегашните одлуки за определени притвореници кои се опфатени во истрагите ’Империја‘ и ‘Титаник‘, како Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мислам дека за периодот додека беа во притвор се собраа доволно докази и се анализираа сите аспекти до кога би можеле да бидат во притвор и дали со други мерки може да биде обезбедено нивното присуство. Сметавме дека е добро за реформите, за владеењето на правото, овие лица да бидат во следниот период во куќен притвор и со тоа ќе биде доволно обезбедено нивното присуство“, изјави Јанева во интервју во вестите на телевизија „Канал 5“.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева смета дека добро за реформите за владеењето на правото е осомничените и обвинетите од истрагата „Империја“ и предметот „Титаник“ да бидат во куќен притвор, откако нејзиното обвинителство неделава му предложи на судот да ги пушти од притвор во Шутка во куќен притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Како што кажа Јанева, во врска со „Империја“ во следниот период од истрагата ќе се вршат само финансиски анализи, па осомничените веќе не се потребни во притвор.

„Не може да влијаат на сведоци или да го повторат делото. Што се однесува до точката бегство., мислам дека е доволно да видат во куќен притвор, со одземени некои права“, кажа Јанева.
За Јанакиески и Божиновски, таа вели дека се работи за фамилијарни луѓе и двајцата многу уверливо потврдиле дека нема да ја напуштат Република Македонија при давање искази во СЈО.

Во врска со изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е разочаран од работата на СЈО, Јанева рече дека „МВР треба само да ги спроведува одлуките на судот и барањата на обвинителство, вклучително и на СЈО и тој не е компетентен да ги коментира ваквите одлуки, бидејќи се само помошен орган на судот, обвинителството и СЈО.“

Изминативе три дена, СЈО испрати предлози до Апелациониот суд и судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 на притворените Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски од „Империја“, како и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од „Титаник“ да бидат пуштени во куќен притвор. Судиите ги прифатија предлозите.

Познатиот новинар на ТВ ТЕЛМА, Огнен Чанчаревиќ пак  забележува дека во деновите кога екс-премиерот Никола Груевски побегна од Македонија, тврдењата на власта беа дека судот не работи за викенд, па не биле во можност да му ја врачат поканата за да се појави на издржување на затворската казна во затворот во Идризово.

Но, викендов очигледно судот работи, па попладнево беше донесена одлука дека од оделението за притвор во Шутка ќе биде ослободен екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од таму најверојатно ќе се упати во куќен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести