Судот еднаш се изјасни негативно за укинување на притворот, но за случајот "Таргет Тврдија", сега од судот за "Импераија" зависи дали Мијалков Нова година ќе ја дочека во Шутка

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 6:28

Мијалков нуди имот вреден 1 милион евра за да излез од Шутка, СЈО тврди дека има 11

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е во рацете на судијката за претходна постапка. 

За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000  евра.

Од одбраната потврдија дека понудиле гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода.

Одлуката се очекува наредните денови.

Мијалков е во Шутка од 20-ти ноември. Првиот притвор му беше определен за предметот за прислушувањето „Таргет Тврдина“ каде СЈО како доказ дека ќе избега нудеше допис од Агенцијата за финансиско разузнавање дека поседува 11 милиони евра, но на туѓи сметки.

Ова одбраната го негираше и обвини за незаконски притвор.

По десетина дена СЈО побара да се укине тој притвор и побара нов, за истрагата за „Империја“. Мијалков се жалеше и за овој притвор но Кривичниот совет го одби. Единствено од решението ја тргна опасноста дека ќе влијае на сведоци и да остане опасноста од бегство.

Сега судот повторно треба да пресече дали Мијалков новогодишната ноќ ке ја мине во Шутка.

Пред неколку дена и бизнисменот Орце Камчев, исто така осомничен во „Империја“, доби ново решение од Кривичниот суд со кое му се продолжи престојот во Шутка за нови 30 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести