Мијалков со жалба до скопска апелација бара да направи распит на судот и СЈО, како е изречен притворот и како е тој наведен за сопственик на компании за кои прв пат слушнал

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 14:45

Мијалков сакал “распит” за СЈО на јавна седница во скопска Апелација за притворот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот дирекорот на УБК, Сашо Мијалков во жалбата до скопските апелациони судии побарал јавна седница на која ќе биде присутен и притворениот.

Мијалков приговара на фактот што решението за притвор е донесено само врз основа на доставениот предлог од надлежното обвинителство, како и од извршениот увид во списите на кривичниот предмет, без да се сослушаат неговите аргументи и аргументите на адвокатите.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот прашуваат дали Управата за финансиско разузнавање е надлежен орган кој, го спроведува извршувањето на мерките на претпазливост, и дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно и биле познати на обвинителството.

Мијалков во жалбата до судот прашува кои се физичките и правните лица кои се поврзани со неговите фирми, каква е нивната сопственичка структура и каков е нивниот корпоративен историјат.

Во жалбата е наведено прашањето на кој начин судот утврдил дека фирмите кои располагаат со големи приходи и парични износи на нивните сметки, иако не се на име на обвинетиот, се на име на некои други физички и прави лица.

Судот, напишале адвокатите, и претходно знаел за постоењето на останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но тие тогаш не претставувале доволна основа за да не продолжат да опстојуваат изречените мерки на претпазливост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести