Меган Маркл е единствената претставничка на кралското семејство која годинава е во Топ 10 највлијателни стилски икони, додека Кејт Мидлтон е рангирана на 11. позиција.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 20:24

МОЌНА ЖЕНА: Меган Маркл е прогласена за највлијателна модна личност за 2019-та

Фото/Текст извор: ©ж.магазин

Што и да облече војвотката од Сасекс, Меган Маркл, инстантно се распродава!

Ова е еден од критериумите што се земени во предвид при изборот на стилски највлијателни личности за 2019 година, а токму Меган Маркл ја предводи листата прескокнувајќи ги Кајли Џенер и Карди Б кои претходно беа на врвот.

Меган Маркл е единствената претставничка на кралското семејство која годинава е во Топ 10 највлијателни стилски икони, додека Кејт Мидлтон е рангирана на 11. позиција.

Продажбата на парчиња што ги носела Меган, скокнала за дури 216 процент, што е уште еден показател за нејзиното влијание, пренесува Daily Mail.

Новата кралска двојка, од принцот Чарлс добива и годишен буџет, со кој би требало да ги покријат и трошоците за облека, но тој износ сепак не е доволен, а и дел е предвиден за уредување на куќата во која живеат.

Рангирањето на оваа листа го прави релевантната модна платформа Lyst, која при нејзиното дефинирање зема во предвид повеќе фактори и критериуми како продажба, преглед на страници, медиумско покривање, спомнувањата во содржините на социјалните медиум

Во светските медиуми се појави информација дека Меган Маркл во својата кариера заработила околу пет милиони долари.

Тоа беше доволно да почнат шпекулациите кој всушност е задолжен за плаќањето на облеката во која се појавува сега веќе, Војвотката од Сасекс.
Пред да се омажи за принцот Хари, таа сама си ја купувала облеката или пак добивала подароци од различни брендови.

Сега веќе подароците се минато, бидејќи членовите на кралското семејство не смеат да прифаќаат подароци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Женска

Станува збор за модел потпишан од познатиот британски дизајнер Стела Мекартни, а Кејт прв пат се виде во него во 2011 година, потоа три години подоцна, а потоа и во 2016 година.

МОДЕН ТРЕНД: Синиот „обичен“ фустан на Кејт Миделтон што не престанува да го носи (ФОТО)

Кралската сина боја и прилега совршено и таа тоа го покажа неколку пати досега. Она...

Првата дама на Америка имаше посебен стајлинг за овој посебен повод. Со црно елегантно сако на Долче и Габана, го коминираше здолништето со црна боја од истиот познат бренд.

ТАА ЕДНОСТАВНО НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ: Моќно издание на Меланија Трамп од кој ќе ви застане здивот(ФОТО)

Првата дама на Америка веќе некое време ја има титулата кралица на елеганцијата. Меланија...

Првата дама на САД, ги засени присутните со елегантен црн фустан кој ги означи и истакна нејзините совршени облини.

Ова е 74 годишната мајка на Меланија Трамп: Од елеганциите на двете дами ќе ви застане здивот(фото)

Сопругата на актуелниот американски претседател, Меланија Трамп блескаше на божиќната...

Црната ташничка има подеднакво висок статус на моден класик, како и малиот црн фустан, а може да се носи секогаш, без оглед на моменталните трендови.

Класик кој го носиме со години – ЦРНА ТАШНИЧКА!

Дури и наједноставниот outfit може да се подигне на level up со добри аксесоари, од кои ташните...