Ваквата одлука ја соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика и во исто време им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 10:13

МТСП: Во среда е Голема Богородица и неработен ден за православните верници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија,

Ваквата одлука ја соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика и во исто време им го честита празникот на граѓаните од православна верисповед во државава.

Голема Богородица е дел од празниците што се неработни денови согласно со Законот за празниците.

Инаку Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем и значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Овој ден се празнува на 15 август по новиот календар, или 28 август по стариот календар.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести