Контроверзниот саудиски принц повторно ја тресе јавноста

Објавил: Узунов Бобан | 7 април, 2019 10:52

Муслиманскот свет гневен: Слика од Исус од 450 милиони долари ја купил арапскиот принц Мухамед бин Салман

Фото/Текст извор: ©магазин

Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи, инаку најскапата слика некогаш продадена, исчезна!

Сликата во 2017 година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари, а требало да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби.

Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи. 

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман беше обвинет дека го организирал и го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги со што го предизвика гневот на западниот свет. Новинарот Кашоги кој живееше и работеше во САД, беше критичар на режимот во Саудиска Арабија и беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул а неговото тело потопено во киселина. 

Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.

Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жеcтоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати. 

За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе. 

 

 


Салватор Мунди е слика на италијанскиот уметник Леонардо да Винчи, која датира од  1500 година. Сликата го прикажува Исус во ренесанснен фустан, правејќи го со десната рака на знакот на крстот, држејќи проѕирна карпеста крива во левата рака, сигнализирајќи ја неговата улога како Салватор Мунди (латински за “Спасител на светот”) и господар на космосот и ја претставува “кристалната сфера” на небесата, како што беше забележано за време на ренесансата.  Околу 20 други верзии на делото се познати, од страна на учениците и следбениците на Леонардо. Подготвителните цртежи со креда и мастило од драперијата на Леонардо се одржуваат во Британската кралска колекција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести