Наум Петрески, Ферус Мустафов и легендарниот Ванчо Тарабунов се само дел од имињата кои се присутни пред Владата, за, како што велат, моралната поддршка за сите музичари од државава кои се погодени од корона вирусот!

Објавил: Владо Марин | 7 октомври, 2020 15:43

Наум Петрески и Ферус Мустафов во првите редови на протестот на музичарите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Освен ноќните клубови од земјава, денеска пред Владата излегоа и музичарите. Многу познати имиња од естрадата ја дадоа поддршката за нашите естрадни уметници, пренесе Фокус!

Наум Петрески, Ферус Мустафов и легендарниот Ванчо Тарабунов се само дел од имињата кои се присутни пред Владата, за, како што велат, моралната поддршка за сите музичари од државава кои се погодени од корона вирусот!
 
Под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и сите засегнати од оваа индустрија, денеска од 14 до 17 часот ќе го изразат својот револт против најновите, поригорозни мерки на Владата за работа на угостителските објекти и локали и забраната за настапи.

Протестот е замислен како музички хепенинг, кој се одржува пред зградата на Владата!

Македонската естрада со голем музички хепенинг, без скандали или сензации, ќе оддржи за првпат голем протест пред Владата. Целта ни е да докажеме дека сепак постоиме, дека има огромна слога меѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу посериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи, изјавија од НУК, Независната угостителска комора!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.