Во вчерашното извлекување во 5тото коло Лото7 падна првата 7ка од играта Лото 7. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 11:46

Најголемата лото добивка во историјата на Државна лотарија падна во Кавадарци- среќникот доби 29.293.930,00 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемата Лото добивка, во историјата на Државна лотарија, вчера падна во рацете на Кавадарчанец. Броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 му донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.

Во вчерашното извлекување во 5тото коло Лото7 падна првата 7ка од играта Лото 7. 

Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото, стои во соопштението од Лотарија.

Најголемата добивка во историјата на Лотарија на македонија, падна вчера во Кавадарци

Се уште не е познат среќниот добитник, кој успеал со 100 денари да добие 29.293.930,00 денари.

Тој уплатата ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот. До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари, посочуваат од Лотарија на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести