Зо што го претставуваат како поранешен премиер, а не како денешен осуден за криминал од големи размери?

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 јуни, 2019 20:43

НАЈЧЕВСКА ОПАЛИ ПО ЕКС ПРЕМИЕРОТ: Зошто е Бучковски на телевизија наместо да биде во затвор?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Професорката Мирјана Најчевска удри жестоко на социјалните мрежи по поранешниот премиер на Република Македонија и му порача дека на место на телевизија тој треба да биде во затвор.

Најчевска на Фејсбук профилот напиша статус во кој на поранешниот премиер на Република Македонија Владо Бучковски, му порача дека местото му е во затвор а не на телевизија. Тој вчера одржа дебата на телевизија 24 заедно со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

Зошто е Бучковски на телевизија наместо да биде во затвор?
Што стана со неговиот криминал?
Што стана со пресудата?
Зо што го претставуваат како поранешен премиер, а не како денешен осуден за криминал од големи размери?
Нешто сум пропуштила?

Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор.

Владо Бучковски е поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Бучковски по професија е правник и професор по римско право на правниот факултет во Скопје.

Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ.

На 1 август 2007 година против Бучковски е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски беше министер за одбрана.

Пресудата е донесена на 9 декември 2008 после 13 месечен судски процес во кој е осуден на 3,5 години затворска казна. Во декември 2012 година тој е исклучен од редовите на СДСМ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...