Поранешниот премиер, пратеникот, Никола Груевски синоќа не се пријави во истражниот затвор во Шутка, судот најавува толеранција од неколку дена пред да распише потерница

Објавил: Мартин Попоски | 10 ноември, 2018 8:03

На Груевски останува дали ќе се пријави сам во затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски синоќа не е најден дома од судскиот доставувач кој отишол лично на рака да му го достави решението со кое му се одбива молбата за одлагање на затворската казна.

Според официјалната потврда од Основниот суд Скопје 1, неговата сопруга Боркица Груевска на доставувачот му рекла и докажала дека тој навистина не бил дома кога дошол со решението дома кај нив.

„Но, останува можноста тој самиот да се пријави во затворот во Шуто Оризари“, објаснуваат од Кривичниот суд.

Процедурата од нивна страна е завршена. Бидејќи настапуваат два неработни дена, Груевски може да си остане дома за викенд.

Но, ако не се пријави самиот во понеделник изутрина, решението ќе му биде дадено во понеделник кога има судење. Ако не дојде на судeње, се соочува со опасноста да се распише наредба за присилно спроведување во суд.

„Оттука натаму се е негова одлука“, велат во судот.

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата Груевски на решението за издржување на затворската казна од две години, што треба да ја одлежи во затворот во Шутка, со што тој ги исцрпи сите редовни правни лекови за одлагање на казната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести