Рашкоски распиша набавка на кафе за Владата на Заев во вредност од 2.700.000 денари во време кога владини службеници немаат примено плата пет месеци

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 7:43

На кафе во Влада за 45.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата ќе потроши неверојатни 2.700.000 денари односно околу 45 илјади евра на кафе.

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на кафе еспресо – филтер – кафе и капучино.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија неодамна распиша тендер и за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа. Владата за набавка на цвеќиња планира да потроши 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести