Набавката ќе оди преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до вакцини потврдени и регулирани од Светската здравствена организација (СЗО).

Објавил: Владо Марин | 14 октомври, 2020 8:06

Владата одбори набавка на 800 илјади вакцини против Ковид -19

Фото/Текст извор: ©глас на америка

Засега може групирање – препораките на Комисијата бараат законски измени, смета Владата која не донесе одлука околу повторно воведување на ПЦР тест при влез во државата. Над 100 ученици и наставници позитивни, а двојно се во изолација. Бројот на активни случаи се доближува до рекордниот од јули

СКОПЈЕ – Владата му наложи на министерот за здравство Венко Филипче да потпише договор за набавка на вакцини за Ковид -19 со Глобалниот сојуз за вакцини, а министерството за финансии и Генералниот секретаријат да ги обезбедат парите и да уплатат аванс.

Набавката ќе оди преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до вакцини потврдени и регулирани од Светската здравствена организација (СЗО).

Според информациите на Гласот на Америка, планирано е да се набави количина на вакцини која би покрила 20 отсто од населението, а бидејќи станува за две дози бројката би била околу 830 илјади вакцини. Тие ќе чинат 8,8 милиони американски долари.

Засега може групирање на повеќе од четири лица во домовите и на отворено и носењето на маска на отворено сеуште не е задолжително бидејќи Владата, на денешната седница, не ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести. Оттаму велат дека за спроведување на овие препораки се потребни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести“, стои во официјалниот допис од Влада.

Комисијата, како одговор на рапидниот раст на новозаболени, предложи да се ограничат семејните слави и собири како извор на ширење на коронавирусот со забрана групирање во куќи и станови и бројот на гости да се ограничи до четири лица а истото важеше и на отворен простор по 22 часот. Исто така беше предложено и задолжително носење маски на отворено, на работно место, во јавен транспорт и во возила ако лицата не живеат заедно.
 

Иако најави дека ќе ја ревидира одлуката, Владата и Комисијата за заразни болести остана на ставот дека во Северна Македонија може да се влезе и транзитира беа да се приложи негативен ПЦР тест. Иако станува збор за регионална иницијатива, поради моменталната состојба во државата, ПВР тестовите останаа задолжителни за македонските државјани доколку патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина како и за Бугарија. Без тестирање македонските државјани може да патуваат само во Косово и Албанија.

Вчерашниот биланс од епидемијата на коронавирус во Македонија е 80 новозаболени, три жртви и 97 оздравени пациенти. Сепак направени се само 680 тестирања од кои 12 отсто се позитивни.

Во последните три дена процентот на позитивни тестови се движеше меѓу 21 и 23 отсто што е црн рекорд досега.

Од почетокот на епидемијата битката со вирусот ја загубија 800 пациенти а во моментов се активни 3.996 случаи со што се се поблиску до рекордната бројка од 4.198 случаи која беше регистрирана на 25 јули.

Најголем број на активни случаи има во Скопје – 1.802 а бројката се зголеми за три пати во последните десет дена. Тешка е ситуацијата во повеќе градови каде има трицифрени бројки на заболени како што се Струмица – 260, Тетово – 222, Кочани – 213, Куманово – 172, Прилеп – 163, Штип – 123, Битола – 102 и Делчево каде во моментов како активни се водат 101 случај.

Болниците продолжуваат да се полнат а министерот Филипче продолжува со апелите за почитување на мерките за да се спречи преоптоварување и колапс на задравствениот систем. Речиси сите болнички капацитети на инфективните одделенија во градовите низ државата и во Градската болница се исполнети, а од вчера Инфективната клиника ја пушти во функција и модуларната болница.

Според официјалните податоци во моментов се хоспитализирани 432 пациенти.

На инфективната клиника има 95 пациенти од кои 54 се на кислородна поддршка а во Градската болница „8 септември“ има 44 пациенти од кои двајца се на респиратор.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштија од министерството за здравство.

В меѓувреме, се повеќе случаи на заболени деца или наставнички кадар секојденвно се регистрираат во училиштата. Иако наставната година почна на 1 октомври досега, според статистиките на министерството за образование и наука (МОН), 42 ученици и 65 наставници се позитивни на вирусот а барем тројно повеќе се во изолација. Вирусот се појави и во Собранието каде позитивни се тројца пратеници поради што се разгледува можноста работата да се префрли он лајн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...