Мијалков во случајот е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 февруари, 2021 5:51

НА МИЈАЛКОВ МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: МВР распишала потерница по него, последно виден во Мериот

Фото/Текст извор: ©360 степени

Според сознанија на „360 степени“, од неделата во 16 часот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му се губи секаква трага. Во текот на претпладневите часови, тој последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.

Иако на официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи, го нема името на Мијалков, неофицијално веќе е распишана централна потерница и се трага по него.

Повеќе граѓани, пред да биде обелоденета информацијата за исчезнувањето на Мијалков, на социјалните мрежи реагираа на бројното присуство на полицијата на излезите од Скопје, која вооружена со автомски пушки правела претрес на сите возила.

Инаку, полицијата, неофицијално, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Бил баран на повеќе адреси, но не бил најден.

Мијалков е еден од 12-те обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделните рочишта на кои беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок е закажано изрекување на пресудата.

За него, обвинителката Ленче Ристоска на рочишето на 16 февруари побара максимална казна.

Мијалков во случајот е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести