Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји, заклучи претседателот Пендаровски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2019 15:43

Невиден БЛАМ на Пендаровски: Младите можат да се иселуваат каде сакаат, не можеме да им забраниме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Нови Сад се обрати на 4. Регионален младински форум – Претседателски панел.

Пендаровски рече дека нашите општества може да напредуваат, доколку повеќе ги користиме домашните ресурси и потенцијал, соопшти претседателскиот Кабинет.

– Ако ги имплементираме вредностите на Европската Унија во нашите земји, ќе можеме да ги задржиме младите во земјата. Младите можат да одат каде сакаат и тоа не може никој да им го забрани.

Но, ние како одговорни политичари мора да им понудиме можност тука, дома да ја имаат првата шанса за да успеат. Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји, заклучи претседателот Пендаровски на претседателскиот панел на 4. Регионален младински форум, што се одржува во Нови Сад, Србија.

Тој на Форумот на млади лидери истакна дека младите во регионот имаат право да бараат работа низ светот доколку политичарите не им пружат соодветна перспектива, пренесе српски „Блиц“.

„Тие имаат само еден живот, сите имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, а притоа просечната плата во земјата земја изнесува 400 евра. Да не бев претседател и самиот би се иселил од мојата држава“, рече Пендаровски.

„Ако не добиеме помош од ЕУ, како да не знаеме што би требало да правиме. Тешко е да се ослободиме од тој менталитет, иако има исклучоци. Идејата и креативноста на луѓето во регионот не е искористена ни 10 отсто“, вели Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести