Еден автобус со 12 патници се превртел на северот и повреди три лица. Околу 16.500 домаќинства останаа без електрична енергија.

Објавил: Владо Марин | 6 февруари, 2020 7:10

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ ВО ЕВРОПА: Во Словачка загина дете, друго е тешко повредено

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку две лица загинаа во силното невреме кое беше проследено со силен ветер, дожд и снег што ја зафати централна и источна Европа.

Во Словачка едно дете загина, а друго е тешко повредено кога ветер ја сруши автобуската постојка која паднала врз детето, соопшти полицијата.

Главниот автопат Д8, кој води кон Германија, беше блокиран во близина на градовите Усти и Лабем на северот на Чешката Република, а застојот траеше неколку часа, јавува дописникот на АП од Сараево.

Еден автобус со 12 патници се превртел на северот и повреди три лица. Околу 16.500 домаќинства останаа без електрична енергија. Во Босна и Херцеговина, неколку камиони се превртеа поради силниот снег и невремето, предизвикувајќи блокирање на сообраќајот на разни патишта.

Ски-центрите околу Сараево се затворени поради силниот ветер, што ги спречува ски-лифтови и жичари. Во Хрватска, поради ветровите кои достигнаа 185 км на час, се запре сообраќајот на траектот помеѓу јадранските острови и копното.

Силен ветер ги сруши дрвјата во Загреб и оштети некои згради.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...