Собраниската Комисија за образование, наука и спорт во вторник дискутираше за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Објавил: Перо Милчин | 29 август, 2019 7:14

НЕДЕЛКОВСКИ: Дали кога ќе дојде ВМРО ДПМНЕ на власт ќе ги врати старите имиња на МАНУ, ТАНЕЦ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дали по извесната победа на ВМРО ДПМНЕ на следните избори и по формирањето на влада на чело со Христијан Мицкоски, ќе ги вратат старите оригинални имиња на МАНУ, Танец, пишува новинарот Миленко Неделковски.

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт во вторникот дискутираше за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Предлог закон за кој се расправаше предвидува името на Македонската академија на науките и уметностите да се промени во „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“

– По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ. Академијата исто така истакнува дека таа не донесува одлука за преименување на Академијата, односно дека одлуката ќе ја донесе Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата- се наведуваше во соопштението на Владата пред неколку месеци.

Според академиците, задржувањето на референцата на државата, односно на кратенката МАНУ, како составен дел на новото име, има суштинско значење, бидејќи од една страна е поврзано со нашите идентитетски прашања, а од друга страна со ова решение отпаѓа потребата од промена на веб-адресата на Академијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести