Тој вели дека намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 декември, 2019 21:04

Нема крај на скандалите: Зоран и Вице Заеви во акција да му го превземат имотот набизнисменот Тошевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантно сведоштво на бизнисменот Киро Тошевски, сопственик на фирмата БАНА,за телевизија АЛФА.

Јас сум член на СДСМ уште пред да биде претседателот, или Заев. И моето дружење со него од 2014 до 2017 година сега не би го коментирал. Од 99 година сум член на СДСМ, а во целата приказна влегов заради тоа што верував во премиерот и во неговите добри намери, во лидерот на мојата партија СДСМ. Цврсто му верував на премиерот .

Тој вели дека намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице.

-Од 2017 година кога веќе дојде на власт, се што тој почна да прави врз мене се разни манипулации со други личности, поврзани за Заев и неговиот брат Вице Заев, раскажува Тошевски.

Киро Тошевски, бизнисмен, кој на јавноста и е познат по дуелот кој го имаше со бизнисменот Зоран Азманов го обвиниува братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев за рекетирање во обид за атрактивен плац во Скопје. Како што ни објаснува Тошевски, се работи за локација на која Вице сакал да направи болница, но не сакал да ја плати полната цена за локацијата која изнесувала околу 4 милиони евра.

Сега по две години Тошевски за Алфа вели дека му е страв да не остане без имотот на кое местое објектот.

На местото кое Тошевски се плаши да не му биде одземено, има карабина, има платено комуналии за околу 12700 метри квадратни, а нето површината е безмалку 10 илјади метри квадратни. Се наоѓа меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.

Пред две години бизнисменот сакал да го продава местото за 4 милиони евра но добил  повик од премиерот Заев и да ја чува локацијата како атрактивна за странските инвеститори

-Ми кажа дека ми мисли добро, односно да се стрпам да бидам спокоен дека објектот и имотот ќе се продаде на вистински луѓе странски инвеститори, велиТошевски.

За АлфаТошевски вели дека летото 2017 започнало се и вели дека прв кој се понудил за да го купи неговото место бил сопственикот на луксузен хотел во Аеродром но како што вели никогаш не се спогодиле за сумата. Тошевски истакнадека уште тогаш можел да насети кој стои зад сето ова.

-На еден од состаноците пред да влезам во неговиот кабинет во холот имаше на две места по десет пакета ајвари и лутеница „Мамас“, зелени и црвени, објаснува бизнисменот.

Откако не успеал бизнисот со првиот, како што Тошевски го нарекува посредник, следувал втор.

-Се појавува адвокатот Тумановски, доаѓа во моите канцеларии, не можам точно да се сетам еднаш или два пати, кратки средби. Ми покажа документи од мојот имот. Ми рече „ова го имаш, ти пишува дека имаш само земјиште под зграда, комплицирано ти е малце“. Му велам добро, кажете ми за кого е, кој е купувачот? „Добро“ ми рече, „знаете за кој човек е, да не зборуваме сега многу, се работи за Вице Заев, пратен сум од Вице Заев“, раскажува Тошевски.

Телевизија Алфа по сторијата на Тошевски побара одговор и од братот на премиерот, Вице Заев кој веднаш одговорил на повикот и демантирал се што кажал бизнисменот.

-Со Киро Тошевски се имам видено можеби еднаш. Ниту некогаш сум сакал да го купам, ниту сум го барал неговиот имот. Секојдневно добивам различни понуди за градежни земјишта, од различни бизнисмени, нема логика да влегувам во нешто што не го сакам, уште повеќе да си правам било какви проблеми со државата злоупотребувајќи го името на мојот брат. Ги отфрлам сите лажни сведоштва на Тошевски како неточни. А ако има доказ дека комуницирал со мене директно нека го приложи истиот. Нема да дозволам да ми се оцрнува името од било кој, вели бизнисменот Вице Заев.

Тошевски приложи и СМС порака испратена од премиерот Заев до него.

-Штом верувате дека мојот брат ви направил нешто лошо, јас со него ќе се скарам и ќе му наредам да се тргне комплетно од што и да разговара со вас и што и да прави со вас комплетно да се тргне, стои во пораката што ни ја испрати Тошевски, скенирана од неговиот телефон.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести