Струмичките пожарникари се на терен повеќе од 15 часа, дежураат на местото на пожарот и ги санираат потенцијалните жаришта!

Објавил: Владо Марин | 3 јануари, 2021 17:12

НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: Пожарот тргнал од влезот за дотур на стока во “Глобал”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во силен оган што почна синоќа околу 23 часот, исчезнаа дуќаните и тезгите на стотина струмичани, а неколку стотици останаа без својата егзистенција.

Струмичките пожарникари се на терен повеќе од 15 часа, дежураат на местото на пожарот и ги санираат потенцијалните жаришта!

Првичните неофицијални информации се дека пожарот тргнал од влезот за дотур на стока, објави телевизија Тв Канал-VIS Струмица!

Струмичките пожарникари се на терен повеќе од 15 часа, дежураат на местото на пожарот и ги санираат потенцијалните жаришта!

Сѐ уште чади во Глобал, пожарникарите гасат на повеќе локации.

Најоштетен е делот од главниот влез до продавницата Зо го.

Засега нема точни информации каде почнал пожарот, иако сомнежите на надлежните се дека тргнал од влезот за дотур на стока.

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар „Глобал“.

При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести