САД забранија соработка со Хуавеј без посебна дозвола од владата.

Објавил: Весна Петровска | 24 мај, 2019 11:15

Неочекувана изјава на Трамп за Хуавеј – постави нов ултиматум, што ќе одговори Кина на ова

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот на САД Доналд Трамп за прв пат навести дека случајот со кинескиот телеком гигант Хуавеј може да биде вклучен во трговските преговори со Пекинг.

– Хуавеј е нешто многу опасно. Кога гледате што прават тие во прашање е безбедноста, многу опасно. Но можно е Хуавеј да се вклучи во трговскиот договор. Ако постигнеме договор ќе видам дали Хуавеј може на овој или на друг начин да се вклучи, изјави Трамп.

САД забранија соработка со Хуавеј без посебна дозвола од владата.

Трговските преговори меѓу Кина и САД за сега не донесоа резултати ни од двете страни.

За потсетување, по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании, американското Министерство за трговија на САД донесе нова одлука, со која им се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со „Хуавеј“ во следните три месеци во обид да ограничат последици од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема.

Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани продажба на технологии од кинескиот „Хуавеј“. Привремената дозвола ќе трае до 19 август.

Од 16 мај стапи во сила наредбата на американската администрација, со која кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј технолоџис“ се става на црната листа во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести