Неофицијално, според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија и гласачките ливчиња.

Објавил: Перо Милчин | 7 јули, 2019 20:14

НЕРЕДИ ВО ГРЦИЈА: Маскирани лица украле гласачки кутии, а потоа ги запалиле!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Маскирани лица влетале во гласачко место во атинската населба Ексархија која се смета за населба- собиралиште на анархистите и украле гласачка кутија. Немилиот настан се случил веднаш по завршувањето на гласањето.

Веднаш откако маскираните лица ја украле гласачката кутија, фрлиле пиротехнички материјали и побегнале од местото.

Како што известуваат грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија исто така гласачките ливчиња.

Неколку минути по затворањето на гласачките места, во Ексархија се забележува големо полициско присуство.

„Денес одлучуваме за нашиот живот во следните четири години“, кажа Ципрас уфрлајќи го своето гласачко ливче. „Се бориме со оптимизам и решителност за жртвата и тешката работа на нашите луѓе да не отидат во ветар“.

Се претпоставува дека опозициската Нова демократија, предводена од Кирјакос Мицотакис, ќе освои околу 36 отсто, додека за Сириза се очекуваат 27 отсто од гласовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести