Тој за „Медиасет.мк“ потврдува дека тој и Елена се разведуваат, и дека разводот е веќе во постапка. Иако на неколку наврати пејачката тврдеше дека разводот е поради семејсно насилство, сепак нејзиниот сопруг вели дека всушност таа е виновна за разводот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 10:21

НЕ БИЛО ПОРАДИ НАСИЛСТВО: Сопругот на Велевска обвинува дека таа има нарушена здравствена состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред неколку дена познатата фолк пејачка Елена Велевска за естрадниот магазин Бекстејџ рече дека дефинитивно се разведува, и не успеала да го спаси бракот сега се огласи и нејзиниот сопруг, бизнисменот Марјан Мирчески.

Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот, рече Елена за Бекстејџ.

Тој за „Медиасет.мк“ потврдува дека тој и Елена се разведуваат, и дека разводот е веќе во постапка. Иако на неколку наврати пејачката тврдеше дека разводот е поради семејсно насилство, сепак нејзиниот сопруг вели дека всушност таа е виновна за разводот.
Марјан вели дека пејачката е со нарушена здравствена состојба и со тоа е опасна за околината.

„Елена се соочи со сериозен здравствен проблем кој не е од телесна природа и кој може да биде опасен како за неа така и за околината. Ситуацијата стана сериозна и за жал невозможно е да живееме заедно со трите деца, па таа на 24 октомври беше пренесена во Прилеп каде беше под надзор на докторот Пирганоски. Елена 14 дена примаше адекватна терапија. По 4 седмици откако беше пуштена од болница прекинала да ја зема терапијата, по што ситуацијата повторно се влоши“, објаснува Мирчески и додава дека во тој период ѝ биле откажани сите настапи кои биле претходно закажани.

Мирчески вели дека тој се грижи за нивните деца, а тврди дека докторот одбивал да го даде извештајот за нејзината состојба во Центарот за социјалните работи, за да се определи старателството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.