Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж  Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2019 10:22

Не заборавајте да понесете чадор- Се очекува обилен дожд и грмотевици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По се изгледа сончевите денови завршија, па денешниот ден ќе донесе претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови.

Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж  Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Денеска дожд и грмежи

Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 степени на југоистокот на земјата, во Скопје и во Охрид до 16, во Штип до 15, Битола до 14, Берово до 13…

Утре и во недела врнежи ќе нема, а во сабота максималната температура ќе достигне до 23, а в недела до 24 степени.

Во понеделник ќе има услови за дожд во вечерните часови, а температурите ќе бидат слични на денешните.

Инаку според метеоролозите циклонот КАРМЕН полека ја зафаќа нашата територија па така во текот на денешниот ден најпрво ќе има локални врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.

Проширување на врнежите ќе биде речиси насекаде а максималните дневна температура ќе достигне до 13 степени.

Ќе започне да дува јужен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет додека доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот од јужен во северен со што најпрвин од северните предели ќе започне заладувањето а врнежите ќе проболжат и утре кога заладувањето ќе се прошири насекаде.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...