Texas Tribune објави дека Су Пинер, претседател на Републиканската партија во округот Комал, минатата недела сподели објава на Фејсбук со слика на Сорос а под неа стои текст на кој пишува: „Плаќам бели полицајци за убиство на црни луѓе“. И тогаш им плаќам на црнците да се бунат затоа што расните војни ги задржуваат овците во трлото“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2020 10:18

НЕ МОЖЕА ПОВЕЌЕ ДА МОЛЧАТ: Џорџ Сорос стои зад протестите во САД?

Фото/Текст извор: ©Logično.rs- фото: Profimedia

Неколку републикански функционери во Тексас се наоѓаат под оган поради објавувањата на социјалните медиуми кои сугерираат дека Џорџ Сорос стои зад протестите предизвикани од смртта на Џорџ Флојд брутално убиен од полицијата во Минеаполис.

Texas Tribune објави дека Су Пинер, претседател на Републиканската партија во округот Комал, минатата недела сподели објава на Фејсбук со слика на Сорос а под неа стои текст на кој пишува: „Плаќам бели полицајци за убиство на црни луѓе“. И тогаш им плаќам на црнците да се бунат затоа што расните војни ги задржуваат овците во трлото“.

Џорџ Сорос (унгарски: Soros György, англиски: George Soros; роден на 12 август 1930) — унгарско-американски тајкун, инвеститор, филантроп, политички активист и автор. Тој е претседател на Сорос Фонд Менаџмент. Познат е како „Човекот кој ја урна Банката на Англија“ поради неговата кратка продажба на 10 милијарди долари вредни британски фунти, притоа остварувајќи профит од 1 милијарда долари за време на британската валутна криза во 1992 таканаречена „Црна среда“. Сорос е еден од 30. најбогати луѓе во светот.Сорос е познат поддржувач на американските прогресивни и американските либерални политички цели. Помеѓу 1979 и 2001 Сорос донирал повеќе од 11 милијарди долари за различни филантропски цели. Тој играл значајна улога во мирната транзиција од комунизам во капитализам во источна Европа помеѓу доцните 1980. и 1990. години и има дадено голема финансиска поддршка во полето на образованието на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта. Сорос исто така е претседател на фондациите Отворено Општество.

Сид Милер, комесар за земјоделство во Тексас, исто така, неколку пати имаше објави за Сорос во последните две недели, вклучително и објава на Фејсбук на 31 мај во која се тврди дека демонстрантите биле „домашни терористи организирани и платени од Џорџ Сорос за понатамошно раздвојување на САД“.

Лин Тејерт, претседател на партијата во округот Шеклфорд, сподели слика на Сорос со напис: „Пандемијата не функционира. Започнете расни војни “.

Уште три други претседателски реони на републиканците споделија реклама во која се тврди дека Сорос ќе плати 200 долари на секој што се пријавил како „професионален анархист“. Фејсбук ги обележа сликите како лажни на целата платформа.

„Тие го прават ова со години“, рече Аби Рахман, портпарол на Демократската партија на Тексас.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, минатата недела повика двајца републикански окружни претседатели да си дадат оставка поради размената на теории на заговор за протести. Претседателот на државната Републиканска партија исто така во петокот рече дека петмина официјални претставници кои шират вакви теории треба да си дадат оставка, велејќи дека нивните коментари „не ги одразуваат“ вредностите на партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.