Преспанскиот договор во основа спонзориран од тајните фондови на грчкото МНР, главна причина за оставката на Никос Коѕијас, кој не го смирува конфликтот со Панос Каменос

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 8:12

Не се знае зошто Коѕијас си замина, но тајните фондови сепак се вистина

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Се уште никој нема прецизно објаснување зошто Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција и потписник на Договорот од Преспа, си поднесе оставка во грчката влада.

Последна од него е изјавата дека му испратил образложение на девет страници на премиерот Аексис Ципрас и дека тој ако сака може да го објави во јавноста.

Никос Коцијас даде оставка по расправија со министерот за одбрана Панос Каменос, лидерот на Независни Грци кој е помал коалиционен партнер на владеачката СИРИЗА.

Во меѓувреме, главната опозициска конзервативна партија Нова демократија ги повика и Коциас и Каменос да обезбедат објаснувања за кои се тие тајни фондови кои ги финансирале нивните министерства а за кои дошло до расправијата.

Претседателот на Собранието, Никос Вуцис, засега одбива да го прифати предлогот грчкиот парламент да спроведе истрага за наводното лошо менаџирање со тие тајни фоднови.

Пред новинарите Вуцис рече дека не знае дали министерствата, освен Министерството за надворешни работи, одржувале тајни фондови. Тој, исто така, сугерираше дека и Каменос и Котиас треба да ги разјаснат нивните соопштенија.

Пратениците на центристичката „Движење за промени“ го повика премиерот Алексис Ципрас да разјасни дали Коцијас ја дал оставката поради барањата кои се однесуваат на лошото управување на средствата.

Во коментарите на државната телевизија, портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос рече дека Ципрас не избирал помеѓу Коѕијас и Каменос, туку дека оставката била на доброволна основа. Генералниот секретар на левичарската СИРИЗА, Панос Скурлетис, со сличен тон дека не е разбирливо во моментов зошто Коцијас заминал.

Коѕијас во меѓувреме упати порака дека ќе продолжи да ја подржува Владата.

“Ние сме дел од народното движење кое во моментов владее”, рече Коциас по состанокот на политичкиот секретаријат на организацијата.

Тој истакна дека надворешната политика е одговорност на премиерот и на Министерството за надворешни работи, кое не може да функционира како “ресор за надворешни работи број два”.

Објави дека има намера да ја продолжи битката со Каменос за тајните фондови на министерствата, кои биле повод за интензивна расправии помеѓу двајца во Кабинетот.

Тој рече дека во соработка со членовите на СИРИЗА ќе бараат да се прошири законот кој диктира контрола на средствата на грчкото МНР од страна на парламентот.

Алудирајќи на Каменос, додаде дека во денешната дипломатија е потребна сериозност, а не “авантура”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.