Груевски по тајната средба во стан во Будимпешта заминал на забава на брод.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 11:39

Еве колку тешко живее азилантот Груевски- се “ЖУРКА” во брод на Дунав!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски и понатаму е на мета на унгарските новинари кои непрестајно го следат неговото движење.

Бившиот премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, беше виден на прием на еден од бродовите на Дунав во Будимпешта. Новинарот Балаж Цеко објави фотографија на својот Твитер профил каде се гледа дека поранешниот премиер е во друштво со неколку мажи.

Унгарски портали пишуваат дека Груевски, кој со помош на унгарски дипломати пребегна во Будимпешта каде за брзо време доби политички азил поради неговата загрозена безбедност, не изгледал како да е во опасност кога пред неколку месеци, налетал на еден од нивните читатели.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Груевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од блиски лица од Македонија и е во потрага по постојано живеалиште, надвор од хотелски објекти.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат во јавноста како „Тенк“ кој се однесуваше на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ и осуден на две години затвор.

А додека пак поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, исто така беше прогласен за виновен и осуден на шест ипол години затвор.
Груевски беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание, додека Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувања.

На обвинителната клупа беше и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која поради ризична бременост и беше раздвоена постапката, но сепак пред неколку месеци таа беше осудена на 4 годишна затворска казна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Излегување

Се повикува министерот Чулев да почне да си ја врши работата вели еден гневен читател, што е ова за едни ва важи за други да не важи законот?

ЗА НИВ ЗАКОНОТ НЕ ВАЖИ: Забавите на скопјани префрлени во вили во Сопиште, Илинден

Забавите на скопјани викендов се префрлија во луксузни вили и викендици во скопските...

Патот кон Америка, најдобриот српски тенисер дефинитивно нема да биде му досаден, бидејќи со него патува и легендарниот српски пејач Мирослав Илиќ.

Ѓоковиќ и Мирослав Илиќ заедно во авион: Ноле тргна на турнеа во САД, може ќе запее по патот!

Новак Ѓоковиќ го заврши мини одморот во Белград и замина на турнеја низ САД. Патот кон...

Христијан Мицкоски, на новинарите вчера им откри дека Новата 2020. година ќе ја пречека во Македонија, во домот на другар од детството, а додека пак премиерот Заев за Нова Година пак оди во Германија со сопругата и децата, исто така кај другар.

ЗА НОВА ГОДИНА ЗАЕВ ВО ГЕРМАНИЈА, МИЦКОСКИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве со кого ќе слават лидерите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и премиерот Зоран Заев открија каде...