Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, земјава не почнува преговори со ЕУ затоа што цветат криминал и корупција!

Објавил: Перо Милчин | 8 декември, 2020 7:53

Николовски: Зоран Заев и неговата предавничка екипа сакаат да ја распарчат Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев ќе се обиде пак да потпише сличен договор за една недела, за две недели, за еден месец или по изборите во Бугарија и затоа народот треба да биде цврст и да биде сплотен.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, земјава не почнува преговори со ЕУ затоа што цветат криминал и корупција!

Еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат. Но паради сите кои излегувате на улиците низ македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема.

Се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на вчерашниот опозициски протест во Скопје!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ако од власта имаат малку доблест, и ако имаат малку достоинство утре треба да поднесат оставка сите од прв до последен, цела влада на чело со Зоран Заев затоа што 4 години го лажат македонскиот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.