Потпретседателот Николоски, најави поширок "фронт" на национално обединување, не само по партиска линија туку и по формата на убедување за иднината на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 6:17

Николоски: Формираме политичко обединување наречено “Македонска платформа”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце, ексклузивно откри нов вид на политичко обединување.

Според изјавата на Николоски, се работи за “Македонска платформа” која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.

Тој додава дека покрај политичката битка потребно е и една силна општествена битка од голем број на граѓани кои што и мислат добро на Република Македонија преку сите голем број на формални и неформални групи на здружување.

Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија која што нема да се стандардни познати коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се слагаме за се, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати. – вели Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести