Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната 10 до 17 степени.

Објавил: Весна Петровска | 27 ноември, 2019 9:23

Нова промена на времето – уживајте!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен ветер и ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Но она што го најавува „AccuWeather“ во декември речиси најмногу ќе ги израдува децата бидејќи се очекува првиот снег.

Имено на самиот старт на месец декември речиси сите македонски повисоки планини ќе забелат, а особено прогнозата најавува снег во Маврово.

Снегот обилно ќе врне три дена и тоа од четврти до шести декември, а најниската температура ќе изнесува -4 степени во петок на шести декемвр

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...