Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи од каде велат дека не се работи за обид за киднапирање туку  се работи за лица кои вознемирувале граѓани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 декември, 2019 17:09

Нови детали од МВР за случајот со обидот за грабнување на 7-годишната ќерка на пратеник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Настан според кој непознати лица се обиделе да ја грабнат 7 годишната ќерка на пратеник на СДСМ, објави утринава Сител телевизија.

Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи од каде велат дека не се работи за обид за киднапирање туку  се работи за лица кои вознемирувале граѓани.

-По претходно добиена пријава за случајот за кој прашувате превземени се мерки и случајот е расчистен односно приведени се две лица. Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, се вели во одговорот од МВР.

Од Министерството за Курир додаваат дека по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сител утрово објави дека настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Седум годишното девојче се враќало од училиште кога возило со странски регистарски таблички ја пресретнало, нагло застанало а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

По обидот за киднапирање, обиен станот на пратеничка од СДСМ.

Домот на пратеничка на СДСМ вчера бил мета на крадци, пишува Курир.мк.

Порталот пишува дека И.С. пријавила дека на улица Мирослав Крлежа во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот,а истото било наведено во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека се уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација, па не можат прецизно да каже дали и што е украдено од станот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести