Кривичниот Суд на барање на СЈО им определи нови 30 дена притвор на осомничените Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 11:59

Нови 30 дена притвор за Камчев и осомничените во „Империја“

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кривичниот суд во Скопје им определи нови 30 дена притвор на осомничените во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство.

СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничените да им биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што се уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.

Бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески – директорот на комбинатот „Пелагонија“ и Тодор Мирчевски, директорот на контроверзната компанија „Ексико“, остануваат уште еден месец во притвор.

За поранешниот шеф на УБК, Мијаков, СЈО дополнително побара притвор за овој случај.

Камчев, Мијалков и останатите се обвинети за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари. 

Во истрагата за „Империја“, осомничени се уште 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи“ преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска.

СЈО тврди дека нивните докази упатуваат на тоа дека осомничените во периодот од 2002 до 2013 година сториле кривични дела лично или преку фирмите кои ги поседуваат. Обвинителството најави проширување на истрагата за нови лица и за нови кривични дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести