Солберг веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 15:53

Норвешки министер поднесе оставка поради носење службен телефон на одмор

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Норвешкиот министер Пер Сандберг поднесе оставка бидејќи со себе го понел службениот телефон додека бил на одмор во Иран, со што нарушил безбедносен протокол.

Премиерката на Норвешка, го прекорила 58-годишниот министер бидејќи претходно не ги известил своите колеги каде ќе оди на одмор, а со себе го понел и службениот телефон.

Но, тоа не е единствената работа поради која е критикуван министерот.

Тој со себе ја зел и девојката, 28-годишната Бахарен Летнес која е родена во Иран. Нејзиното барање за азил е одбиено трипати во Норвешка, но таа добила државјанство бидејќи во Иран постоело голема опасност да биде присилена на брак без нејзина согласност. Таа веднаш го побарала службениот мобилен од министерот, а уредот бил префрлен на анализа во рацете на службите за безбедност. 
Веста ја раздрма политичката сцена во Норвешка, министерот првин се извини, но критиките не стивнаа па затоа на крајот си даде оставка.

Норвешката економија е пример за мешана економија, составена од слободен пазар и големо државно поседништво.

Референдумите одржани во 1972 и во 1994 година покажале дека Норвежаните сакаат да останат надвор од Европската Унија (EU). Но, Норвешка, заедно со Исланд и Лихтенштајн, учествува во единствениот пазар на Европската Унија преку договорот за Европската Економска Зона (EEA). Норвешка е исто така потписник на Шенген договорот и на неколку други договори со останатите членки на ЕУ. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести