Тие заедно со членови на збратимените мотоциклистички клубови од повеќе словенски држави во рамки на настанот наречен „Словенски свет“ денеска пристигнаа во Охрид

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 14:00

“Ноќните волци” на Путин, во посета на Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Популаризација на културите на православните народи од Европа и збратимување на словенските народи, е целта на мисијата што пред себе ја имаат поставено членовите на мото-клубот „Ноќни волци“ од Русија кои и оваа година ја посетија Македонија во рамки на својата мотоциклистичка тура низ Европа. Групата предводена од Александар Залдостанов-Хирургот, за кој е докажано дека е финансиран од Руската Влада, и кој е гонет за повеќе ривични дела, деновиве дојде во Охрид.

Тие заедно со членови на збратимените мотоциклистички клубови од повеќе словенски држави во рамки на настанот наречен „Словенски свет“ денеска пристигнаа во Охрид, каде на почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија, Велимир Стојковски му подарија икона што ја донесоа од Русија.

– По патиштата сме од 20 јуни, тргнавме од Русија и преку Белорусија, Полска, Словачка, Унгарија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија дојдовме тука во Македонија. Многу не интересира словенската култура и токму приближувањето на нашите култури, како и дружењето со колеги од сите словенски држави е целта на оваа наша посета тука – рече Евгениј Строгов, член на мото-клубот „Ноќни волци“, најголемата мотоциклистичка организација во Русија која меѓу другото е позната по блискоста што ја има со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Ненад Гвозденовиќ од Крагуевац истакна дека сите овие нивни активности се во насока на негување и зачувување на културата и традициите на словенските народи.

Преку дружење, посета на значајни историски локации, цркви, манастири, работиме на зачувување на братството меѓу нас како словенски народи, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести