Оана Лунгеску им посака добредојде на македонската делегација во почетокот на пристапните преговори за членки на НАТО, ќе почекаат да го смениме прво името во Северна

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 7:31

Оана ни честиташе пристапни преговори со НАТО, ќе почекаат да станеме Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Портпаролката на генералниот секретар на НАТО Оана Лунгеску по почетокот на пристапните преговори за членство на Македонија во Алијансата, изјави настанот е важен чекор за Македонија.

Портпаролката на Јенс Столтенберг, не изостави да надополни оти земјата сега има историска можност да стане дел од евроатлантското семејство ако се имплементира Договорот со Грција, по што ќе стане Северна.

Земјата одбележа важен чекор денеска со започнувањето на дводневните пристапни преговори во седиштето на НАТО, изјави Лунгеску.

Преговорите ја покриваат безбедноста, одбраната, политичките, правните и финансиските прашања како и целите и роковите кои Скопје треба да ги исполни за време на и по зачленувањето. Ова е продолжување на работата на пристапниот процес кој започна во јули по поканата на сојузниците на Самитот во Брисел.

Скопје има историска можност да го спроведе Договорот за името и да ја внесе земјата во евроатлантското семејство. Ова ќе помогне да се консолидираат мирот и стабилност ширум Западниот Балкан. – изјави Лунгеску.

Делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, ја отворија сесијата со помошник генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александро Алваргонзалес, и со тимот на НАТО за преговори со Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести