СМК бара итна корекција на методологијата на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот, имајќи предвид дека тоа создава погрешна претстава за пандемијата со корона виурусот во Македонија пред европската и светската јавност!

Објавил: Владо Марин | 28 октомври, 2020 5:53

Одговорност до владата за погрешната методологија на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот во Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара одговорност од Владата и министерот за здравство Венко Филипче заради погрешната методологија на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот во Македонија, откако самиот во гостување на телевизија Телма од 26 октомври објасни, тоа што јавноста одамна веќе го знаеше, дека “една од причините зошто Македонија има висока стапка на смртност од корона вирусот е тоа што ги пријавуваат апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19, односно сите тие се бројат во таа статистика!“

СМК бара итна корекција на методологијата на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот, имајќи предвид дека тоа создава погрешна претстава за пандемијата со корона виурусот во Македонија пред европската и светската јавност!

Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) покажуваат дека Македонија се наоѓа на петто место во Европа и на 11 место во светот, според стапка на починати лица од Ковид-19 на 100.000 жители!

Во Европа полоши стапки на смртност од Ковид-19 од Македонија имаат само Андора, Чешка, Црна Гора и Молдавија! Во Македонија се регистрирани 441 позитивни на 100.000 жители, за споредба Европската Унија и Германија стапките од 30 до 50 новозаразени на 100.000 жители ги сметаат за критични!

СМК за намерна груба грешка и манипулација на јавноста ги смета сите досега објавени статистики за починати од Ковид-19 во Македонија, имајќи предвид дека во пациенти починати од корона вирус се пресметуваат сите пациенти кои биле примени во болниците со друга тешка здравствена состојба, а за кои после смртта им биле објавени резултатите од корона вирусот како позитивни!

СМК протестира заради погрешната статистичка пресметка што и’ на несува огромна штета на државата Македонија и македонските државјани, имајќи предвид дека тоа ја вбројува Македонија и македонските државјани во ризична група на земји за кои е забрането движењето во светот, односно за Македонците важи забраната за влез во многу држави во светот!

СМК од Министерството за здравство бара да ги објавуваат не само бројот на починатите од корона-вирусот, туку и бројките на починатите од сите останати болести во Македонија на месечна основа годинава, како и податоците за движењето на починатите по вид на болести за истото време на месечна основа од минатата 2019 година!

СМК потсетува на алармантната смртност од канцер, леукемија и тироидна жлезда, до размери на епидемија, од загадениот воздух во Скопје за што ништо не се презема и од контаминацијата на Македонија посебно Скопската котлина поради НАТО-бомбардирањата со стотици тони осиромашен ураниум и графитни бомби во Србија и Косово 1999 година, пред се’, воените инсталации на поранешна ЈНА во регионот на реката Лепенец, која од Косово се влева во Вардар во Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...