Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше шведската активистка, откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината во 2019 година.

Објавил: Владо Марин | 11 октомври, 2020 0:56

ОДЛУЧИ: Грета Тунберг го поддржа овој американски претседателски кандидат!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шведската активистка Грета Тунберг денес го поддржа кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден и ги повика сите гласачи во САД, загрижени за животната средина, да излезат на гласање!

Активистката апелираше американците да гласаат за Бајден.

Со овој потег, Тунберг би можела да го поттикне одзивот кај помладите гласачи, кои обично гласаат во помал број од постарите Американци, проценува агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше шведската активистка, откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината во 2019 година.

Тој исто така саркастично го коментираше нејзиниот говор на самитот на ООН за климатските промени, кој се одржа минатата година.

Тунберг и нејзиното движење „Петок за иднината“ беа номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир, што ја доби Светската програма за храна на ООН.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.