Денеска од владеачката партија СДСМ, најавија промени во врска со плаќањето паушал на граѓаните кои се исклучени од парно греење

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 март, 2019 10:54

Од април граѓаните исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат месечен паушал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Се исправа уште една долгогодишна неправда, од април, граѓаните исклучени од системот за парно греење нема да плаќаат месечен паушал.

Околу 12 илјади семејства долги години се во битка за своите права, плаќаат паушал меѓу 500 и илјада денари, иако не користат парно греење.

Денеска од владеачката партија СДСМ, најавија промени во врска со плаќањето паушал на граѓаните кои се исклучени од парно греење.

Со одлуката на Регулатроната комисија за енергетика, веќе од први април граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок за парно како што беше досега, стои во соопштението на СДСМ.

Паушалните сметки за исклучените граѓани од парно греење заминуваат во историјата.

Граѓаните кои не користат топлинска енергија кончено ќе бидат ослободени од плаќањето на паушалот кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 година.

Со ова се решава долгогодишниот проблем на илјадници граѓани кои со години беа изложени на трошок за услуга која не ја користеа, се исправа долгогодишна неправда кон илјадници семејства во Скопје,велат од СДСМ.

Според проценките 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата. Се остварува уште едно ветување од Програмата, се реализизира една заложба на Владата предводена од СДСМ за намалување на трошоците и обезбедување повеќе пари кај граѓаните.

СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секоје семејство, кај секој граѓанин. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести