Во апликацијата на располагање ќе бидат две опции ‘‘ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и ,,НЕ, благодарам’’ а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до 5-ти мај 2020 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2020 22:28

Од денес може да ги донирате парите од „МојДДВ“-ќе се користат за борба против корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Физичките лица корисници на апликацијата „МојДДВ“ ќе можат да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 за борбата против вирусот Ковид 19, соопшти денес УЈП.

За остварениот износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од оваа година, во апликацијатаМојДДВ, преку опцијата „скенирам и донирам“, физичките лица ќе имаат можност да изберат опција за донирање на целиот износ на данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, стои во соопштението.

Во апликацијата на располагање ќе бидат две опции ‘‘ДА, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и ,,НЕ, благодарам’’ а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до 5-ти мај 2020 година.
Физичките лица кој ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај.

Управата за јавни приходи од 6 мај 2020 година ќе започне со исплата на парични средства за првиот квартал од 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести