При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 август, 2019 17:44

Од домот на Јанева се изнесува мебел: Во камион се товараа поклонетите фотељи НА КАТИЦА ЈАНЕВА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред околу половина час, од куќата на обвинителката Катица Јанева се изнесуваше мебел.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полиција го напушти нејзиниот дом во Козле и се упати кон Кривичниот суд, каде ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор.

Обвинителката ја искористила својата службена положба и овластување и за себе и за двајцата осомничени прибавила имотна корист во значителен износ. За себе добила предмети мебел во вредност од 298 илјади денари, кои за неа ги набавил еден од осомничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од еден милион и петстотини илјади евра“, истакна државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести