– Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од коронавирусот!

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2020 11:48

Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу

Фото/Текст извор: ©21Тв/магазин.мк

Како последица од Ковид-19 во болница во Турција, каде беше на лекување, почина 59-годишниот Касем Хисенбелиу, сопственик на повеќе медумски куќи, меѓу кои и „Факс Њуз“, и познат албански бизнисмен!

– Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од коронавирусот.

И покрај големите напори на лекарите и молитвите на неговото семејство и пријателите, тој не можеше да го победи вирусот, објавија албанските медуми.

Хисенбелиу ја основаше и управуваше со телевизијата „Факс Њуз“ од октомври 2017 година, а долги години со посветеност и успех ги предводи и медиумите, како на пример весниците „Панорама“ и „Газета шќиптаре“, телевизијата Њуз 24, агенцијата Балкан веб и Радио Албанија, пренесува 21 Тв!

Тој беше оженет и татко на две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...