Капак на целата ароганција со „Терористот„ или пардон новопечениот доктор на науки Али Ахмети деновиве беше и доделувањето на пола милион Евра на општина Арачиново наводно поради кризата која ја доживеале со корона вирусот.

Објавил: Македонка Димкин | 17 декември, 2020 17:52

Од криминалец во Швајцарија, па терорист на невини Македонци, до почесен Доктор

Фото/Текст извор: ©магазин

Али Ахмети, човекот кој беше и е во сите влади на Република Македнија, денес на тетовскиот унвирезитет доби титула на почесен доктор.

Таканаречениот „прв„ вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денешниот чин на Тетовскиот Универзитет за доделување на титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, го оцени како една правилна одлука и одлука со која всушност се почести Тетовскиот Универзитет но и сите aлбанци затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата.„

Груби исто така кажа дека личност како што е лидерот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, кој целиот негов живот го има посветено на нацијата  (мисли на макеодонските албанци) и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа.

Груби им честита на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор Хонорис Кауза, затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности.

Инаку функцијата „прв потпредседател„ на владата на Република Македонија е неуставна поради што Магазин си го задржува правото истото да го пишува како „таканаречено„. Но кога сме веќе тука и самата функција „министер за политички систем и односи меѓу заедниците, му е доделана на Груби слично како што и неговиот шеф Ахмети доби почесна функција Доктор.

Што да се каже, во Македонија насекаде доктори на Науки а економијата влезе во рецесија. Обичните луѓе сигурно се прашуваат зошто толку доктори на науки кога не се гелда напредок, дали е тоа само да се подиген нивната репутација? Или пак е тоа самобендисаност на истите. Впрочем и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, додека на улица се демонстрираше против промената на името  тој „натетнане„ си спремаше докторска работа по што и доби титула Доктор на науки.

Како и да е, Али Ахмети, човекот кој во Швајцарија беше обвинет за измама на пензискиот фонд,(успеал да земе инвалидска пензија, додека во Македонија убиваше полицајци) и има забрана да влезе во Швајцарија е можеби човекот кој од сите политичари најдобро ја изменаџира својата кариера. Тој е вечитиот коалиционен партнер во сите влади во Македонија и токму тој е оној преку кој западот ги мести сите влади во Македонија. Или народски кажано Ахмети е послушникот кој што свири како ќе му нарачаат оние од Чадорот, а за возврат се разбира тој смее да поставува барања кои никогаш немаат крај.

Поточно ако денес излезе со 100 барања, и се исполнат две утре повторно ке бидат 100 барања.

Капак на целата ароганција со „Терористот„ или пардон новопечениот доктор на науки Али Ахмети деновиве беше и доделувањето на пола милион Евра на општина Арачиново наводно поради кризата која ја доживеале со корона вирусот.

Значи Охрид нема проблем со кроната, нема ни Битола, нема ни Прилеп, нема ни Гостивар, нема ни Кичево, имаат само граѓаните на општина Арачиново таму каде што некогаш се пукаше кон македонските полицајци.

Ова се несоборливи факти, дека поставените министри во владата на Зоран Заев од албанско потекло, работат исклучиво во интересите на малцинството Албанци, значи пола милион Евра за помош од корона кризата во време кога во Македнија има деца кои немаат компјутер и немаат како да следат настава. пола милион евра за помош на едно село, додека во Македонија има земјоделци кои мака мачат да го поминат месецот, пома милион за една општина додека се повеќе Македонци а и Албанци се ислеуваат поради немањето на правда за сите.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести