За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е ‘KS”.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2019 18:42

Од понеделник граѓаните “ни криви ни должни” ќе возат регистарски таблици со “Северна”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“.

Од понеделник МВР ќе започне со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“.

За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е ‘KS”.
Замената на старите регистарски таблички со новите „Северна„ ќе се врши постепено при регистрација на автомобилите.

Во 2018 година, Македонската влада, предводена од претседателот Зоран Заев, по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, се договориле името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапило во службена употреба на 11 февруари 2019 година.

На Република Македонија исто така и е ветено членството во НАТО веднаш по разрешувањето на спорот околу уставното име кое државата го имаше со Република Грција. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести